Тешко повреден човек во сообраќајка на булеварот „Гоце Делчев“

Едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а едно било полесно повредено кога возило изгубило контрола и излетало од коловозот на булеварот „Гоце Делчев“.

 

„На 06.10.2019 на булевар„Гоце Делчев“ во Прилеп, патничко возило „БМВ” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Г.Р.(26) од Прилеп, излетало од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил совозачот С.Д.(48), додека возачот се здобил со телесни повреди“ се вели во изештај од полицијата.

 

Тие биле пренесени во болницата во Прилеп за укажување на лекарска помош. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Прилеп.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien