ВИДЕО – Спектакуларен „Off Road 4×4 Show“ со хуманитарен карактер за малиот Дејан

Офф-Роад Прилеп со поддршка на Општина Прилеп на 13 октомври со почеток во 10 часот на полигонот за екстремнии спортови кај Лагово организира ХУМАНИТАРЕН „Off Road 4×4 Show“. Собраните средства ќе бидат наменети за лекување на малиот Дејан. Настанот не е од натпреварувачки карактер.

 

 

За подобрување на здравствената состојба на Дејан беше потребно да замине на лекување и третман со матични клетки во болница во Турција. Сумата која беше потребна беа 54.000 евра, а досега Дејан успешно помина два третмани со матични клетки.

 

Се покануваат сите клубови од Македонија а воедно и сите љубители на офф роад да бидат дел од овој настан и сите заедно да докажеме ”We are HUMANE people”“, велат од клубот Off Road Prilep.

 

 

Прилеп-Старо Лагово (полигон за екстремни спортови)

13.10.2019

10:00 часот

 

СО ВАШЕТО ПРИСУСТВО НА “OFF ROAD 4X4 SHOW” ПРИДОНЕСУВАТЕ ЗА ПОДОБРО УТРЕ НА МАЛИОТ ДЕЈАН. ВЕ ОЧЕКУВАМЕ !!!

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien