Предизвиците со кои се соочуваат жените од руралните средини – активизам за зајакнување на руралната жена

Здружението за рурален развој Локална Акциона Група АГРО ЛИДЕР во соработка со Општина Прилеп на 15-ти Октомври  ќе го одбележи Меѓународниот ден на руралната жена. Со одбележувањето на овој ден, Општина Прилеп се вклучува во активностите на светската кампања – 17 дена активизам за зајакнување на руралната жена, со цел да го поддржи движењето за зајакнување на руралните жени и нивните заедници.

 

 

На 15-ти Октомври со почеток од 10 часот во конференциската сала на Општина Прилеп ќе се одржи конференција за предизвиците со кои се соочуваат жените од руралните средини и можностите за приспособување на локалните и националните политики за вклучување на жените од руралните средини во клучните процеси на одлучување,

 

Со почеток пак во 12 часот во просторот околу Саат Кулата во Прилеп ќе имате можност да го посетите Саемот на земјоделски производи на кој ќе бидат изложени примарни и секундарни земјоделски производи подготвени од вештите раце на жените од руралните средини.

 

Саемот е организиран со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

 

Вашето присуство ни е од особено значење за заеднички да ги пренесеме потребите и предизвиците на жените од руралните средини, и да дадеме поддршка во отворање на нови можности за развој на заедницата преку потенцијалот и перспективата на овие жени. Посетете не!

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien