Свежо цвеќе за борците на НОБ во Крушево

Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски со претставници на здружението на пензионери Крушево и Сојузот на борци од Крушево положија свежо цвеќе во чест на паднатите борци од Народно ослободителната борба.

 

Заедно го честитаа Денот на народното востание 11 октомври и се заблагодарија на борците кои го дадоа својот живот за слободно Крушево.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.