Прилепчанецот Александар Стојкоски прво место и на „Momata rock trail“ – планиски тркач број еден годинава во Македонија

Планинскиот тркач, прилепчанецот Александар Стојкоски, денеска го освои првото место на планинската трка „Momata rock trail“, дестинацијата од 20 км., која по 5-ти јубилеен пат се организираше на планината Селечка кај Прилеп. Инаку Стојкоски годинава беше прв на сите планински трки кои се одржувата во Македонија.

 

„Ова за мене е најверојатно последна трка оваа година. Сега малку одмор, па ќе одлучам што понатаму, рано е да правам распоред на трки за 2020 година. Годинава бев прв на сите планински трки кои се одржаа во Македонија како : Чупино вертикал, Водно-Матка 40 км., Прв до Врв, Титов Врв „Sky race“ 20 км., „Krali Marko Ultra Trail“ 67 км и сега „Momata rock trail на дестинацијата 20 км, на која победив со време од 1h52м, втор беше Александар Кирковски со време 1h58m, и трет Дејан Ангелоски 1h59m , истакна Стојкоски за Инфо Компас.

 

Инаку планинската трка „Momata rock trail“ се одржува по 5-ти пат, и освен дестинацијата од 20 км. која е најатрактивна дестинација, по повод јубилејот се одржаа и уште две други трки на 10 и 40 км. Старот беше кај манастирот Селце, а се трчаше покрај познатите локалитети на Селечка, како Шаторов Камен, Томов дом, врвот Чуле, Казанташ, и други места.На сите 3 трки учествуваа 80-тина натпреварувачи, а организатор на трката е здружението за атлетски и планински спортови „Единак“ од Прилеп.

 

Фото : Петар Петрески

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.