Заменик министерот за здравство си поднесе оставка – фатен како прима мито

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Заменикот министер за здравство Асим Муса соопшти дека ќе си поднесе оставка од функцијата по објавеното видео на кое се гледа како зема пари од новинар кој се претставува како пациент за да му закаже операција.

 

Муса вели дека ова било политичка стапица која направила медиумска хистерија и дека немало да дозволи таа да влијае врз неговата професионална кариера.

 

„Нема да дозволам цели овие 23 години инвестиции во професионалноста и во семејниот кредибилитет да биде нарушен со ваква намерна стапица со бомбастично со лажни наслови кои не се реални, а за кое може да се види во самата видео снимка. Ве известувам дека донесов одлука да се повлечам од функцијата заменик министер за здравство и да ја расчистам оваа импонирана дамка од стапицата против мене лично. Ќе продолжам да им служам на граѓаните и на нашата земја и пошироко“, изјави Муса.

 

Инаку во медиумите беше објавено видео на кое се гледа како Муса разговара со новинар кој се претставува како пациент и бара да му биде закажана операција на простата. Станува збор за новинар од Топ Ченел, албанската телевизија која објави и видео со претходна комуникација на вибер. Во видеото Муса добива 50 евра како аванс, од вкупните 1.000 евра кои треба да ги добие за операцијата.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи