Општина Прилеп: Непобитен факт е дека Прилеп прераснува во современа урбана општина

Зборувајќи за неработење, неспособност, криминал, непотизам, првиот човек на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп, Петар Ристески ја потценува меморијата на прилепчани, кои добро го паметат коруптивното владеење на претходната власт и екс градоначалникот Ристески, стои во реакцијата на Општина Прилеп на денешниот прес на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

Реакцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Серијата на кривични пријави за злоупотреби наслужбената положбаи овластувања со кои, покрај екс градоначалникот Ристески, опфатени се и голем дел од неговите најблиски соработници, се најдобра потврда за 12 годишнотовладеење на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Локалната власт предводена од градоначалникот Илија Јованоски, и покрај фактот што наследи катастрофална состојба на општинскиот буџет и ниту еден подготвен урбанистички проект, успеа да реализира и да подготви десетици проекти, од кои повеќето беа дел од предизборната програма.

 

Досега се асфалтирани над 50 улици во општина Прилеп, а со ребалансот на буџетот за 2019 година одобрени се и дополнителни 55 милиони денари за реконструкција на патната мрежа во општината.

 

При крај е реконструкцијата на Градскиот стадион „Гоце Делчев“, со што прилепчани добиваат современа фудбалска арена, каква што заслужува најфудбалскиот град во државата.

 

Започната е реконструкцијата на мостот на улицата „Трајко Николоски“ во населбата „Сточен пазар“, кој ќе биде широк 16 метри и со кој ќе се растерети сообраќајот во општината.

 

Набавени се 4 нови еколошки автобуси на метан за јавниот превоз во општина Прилеп, ново возило и опрема за територијалната противпожарна единица, ново современо комунално возило за потребите на ЈКП „Комуналец“.

 

Во сите основни и средни училишта, како и во детските градинки извршени се инфраструктурни зафати, поставена нова ПВЦ дограма, реновирани тоалети и  училници.

 

И покрај тоа што новата локална власт и градоначалникот Јованоски не затекна ниту маркица за изградба на нова детска градинка, донесен е Деталниот урбанистички план за делот од населба Точила, каде ќе се гради ветената градинка за најмалите и затворен базен.

 

Истовремено, 30 населени места во општина Прилеп за прв пат добија Детални урбанистички планови, што ја отвора можноста за нивно урбанизирање и изградба на водоводни и канализациони мрежи.

 

До крајот на годинава започнува реконструкцијата на булеварот „Гоце Делчев“ и дел од улицата „Прилепски бранители“, со што централното градско подрачје добива нов урбан лик.

 

Почитувани, непобитен факт е дека Прилеп забрзано се уредува и гради и прераснува во современа урбана општина“, пишува во реакцијата.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.