Ристески : Каде се ветените, спортски сали, обиколници, градинки, училишта, театар, затворен базен, Јованоски не реализираше ништо за 2 години

Две години СДСМ во Прилеп се две години измами, криминал, неработа, неспособност и непотизам од градоначалникот Илија Јованоски. Наместо „Живот во Прилеп“, градоначалникот Јованоски и СДСМ донесоа лаги и манипулации за прилепчани. Истакна на денешната прес конференција претседателот на ОК на ВМРО-ДПМЕН Прилеп, Петар Ристески.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Ветуваа се и сешто, ветуваа европски Прилеп, ветуваа мал милион инфраструктурни проекти и решенија, а реалноста е катастрофални седум проценти реализирани капитални инвестиции во тековната 2019 година.

 

Јавно го прашуваме градоначалникот Јованоски каде се ветувањата за 2 нови спортски сали, за две обиколници, за реконструкција на Старата чаршија, за нови градинки, ново училиште, реконструкција на Соколната, ставање во функција на Универзална сала и затворениот базен во сала Македонија?

 

Што се случи со ветувањето за поддршка на младите и нивните бизнис идеи, кои како никогаш порано се иселуваат од Прилеп и заминуваат во потрага за подобар живот?

 

Почитувани, се што кажаа излажаа. Немаат ништо реализирано за подобар и поквалитетен живот на прилепчани. Стопанството и економијата тонат, а нивното владеење не донесе ниту едно ново вработување и ниту една нова инвестиција во индустриските зони.

 

Наместо проекти и мерки, наместо вработување на квалификувани луѓе, градоначалникот Јованоски ги вдомува своите најблиски по локалните и државните институции и врши партизирање на институциите.

 

Тешко на прилепчани со вашиот прав пат кој донесе 60% повисоки сметки за вода, наместо ветените за 20% пониски од градоначалникот Јованоски.

 

Тешко на прилепчани со вашата ароганција, со вашето дрско однесување и секојдневно понижување.

 

Наместо ветувањата за нов театар, чист воздух и здрава еколошка средина, како и спортско рекреативен центар кај вештачкото езеро, на прилепчани им возвративте со двојазични табли, деградирање на делото и борбата на хероите од НОБ и понижување на нивната вековна борба за самостојна држава Република Македонија.

 

Почитувани, ова накратко е нивното „БЛЕСКАМЕ“, вака Прилеп “блеска“, односно уназадува во изминатите 2 години, кои ќе бидат запомнети како најцрните денови од неговото постоење.

 

За сите овие мегаломански лаги и сето ова патолошко лажење, прилепчани ос нетрпение чекаат да ви пресудат на избирачките места. Прилепчани директно ја чувствуваат неспособноста, неработењето и негрижата на Јованоски и владата на СДСМ, затоа следува обнова на државата.

 

Многу набрзо доаѓа обнова на Прилеп од луѓе кои сериозно ќе го придвижат градот и државата и ќе работат исклучиво во интерес на граѓаните.

 

Расчистуваме со оваа ненародна, политичка хунта, со ова злосторничко здружение кое ги тероризира, понижува и растура македонскиот народ и нашата држава Република Македонија“, истакна Ристески.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.