УЈП со кривични пријави против „Меѓународен сојуз“, „Томато продукција“ и „БМЈ груп“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

УЈП ќе поднесе кривични пријави против „Меѓународен сојуз“ на Бојан Јовановски – Боки13, „Томато продукција“, каде беше сместена телевизијата „1ТВ“,  и против сопственичката на фирмата „БМЈ груп“.

 

Управата за јавни приходи ги товари за даночно затајување за сума повисока од 20 милиони денари Неправилности имало и во работењето на „1ТВ“ но тука немало основ за кривична пријава.

 

УЈП информира дека врши контрола во уште една фирма, кој била поврзана со овие три фирми и дека ќе направи контрола на физичките даночни обврзници што работеле со овие фирми.

 

Инаку Бојан Јовановски – Боки 13 поднел неотповиклива оставка од „Меѓународниот сојуз“, откако станал првоосмничен во случајот „Рекет“.

 

УЈП исто така соопшти дека лице не многу познато во македонската јавност се пријавило да ги преземе фирмите и нивните долгови. Физичкото лице прикажало договор за преземање на „БМЈ“ и „1ТВ“, но договорот не е заверен кај нотар. Информираа дека лицето изјавило дека двете фирми ги презема без никаков надомест.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи