По Италија денес и Велика Британија го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

По Италија, денеска и Велика Британија го ратификува Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО, со што досега 24 земји-членки го завршија процесот на ратификација.

 

Информацијата на социјалните мрежи ја сподели шефот на британската дипломатија Доминик Раб, кој на Твитер напиша дека со нетрпение очекува земјава да се приклучи на НАТО семејството.

 

„Со големо задоволство денеска го потпишав Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО заедно со амбасадорката А. Миовска. Со нетрпение очекувам Северна Македонија да пристапи кон семејството на НАТО и да присустува на состанокот на лидерите на НАТО во Лондон и да помогне во промоција на меѓународниот мир и безбедност“, напиша тој на својот твит.

 

 

Се чека уште на потписот на Шпанија, Франција, Холандија, Исланд и САД. Очекувањата се дека Протоколот ќе биде ратификуван и во овие земји, со што членството во НАТО ќе се официјализира пред Самитот на Алијансата, закажан за 3 и 4 декември во Лондон.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи