Општина Прилеп стана партнер во проектот ЕРАЗМУС +, „ENABLE“. Проектот подразбира интегративност во стратешката мултисекторска перспектива на градот, со цел да произлезе и да се изгради одржливоста врз социо-економските и секторски приоритети, политики и стратегии.
Со оглед на тоа дека Прилеп бил предмет на бројни набљудувања во претходните години, тој е избран за студија на случај. Процесот подразбира двегодишна меѓународна соработка на институции од Македонија, со три високообразовни институции од ЕУ како партнери.
Проектот е фокусиран на европските трендови кои ги промовира Факултетот за архитектура и дизајн на Универзитетот „Американ Колеџ“, а пристапот третира настава, односно планирање на одржлив град низ неговиот урбан и економски раст и развој, социјална инклузивност, технолошки иновации, културно и природно наследство, туризам.
Очекуваниот финален документ ќе содржи стратешки насоки, кои ќе бидат основа за понатамошен развој на планската документација за Прилеп, односно неговиот стратешки документ – новиот Генерален урбанистички план.