ВИДЕО – Маратонците во Крушево по втор пат пречекани со над 600 ружи – 12 години без Тоше

Втора година по ред, со над 600 ружи од влезот на Крушево па се до гробот на Тоше на Гумење, вака беа пречекани 9-те маратонци кои по повод 12 години од смртта на нашата најголема музичка ѕвезда трчаа од Нова Градишка, Хрватка до неговото вечно почивалиште. И годинава Србија без објаснување не дозволи маратонците да поминат низ нејзина територија. Велат иако било тешко ги бодрела мислата за делата кои ги правел Тоше.

 

 

„ Многу беше тешко, но во нашите мисли беше Тоше, неговите песни, неговите рефрени, неговите хумани мисии, неговата големина“, истакна Наум Капричевски, учесник на маратонот.

 

На маратонците годинава по втор пат им се приклучија и 4 членови на здружението „Тиквешки точакџии“ од Кавадарци.

 

„ Шест дена, дневно по 150-170 километри, не е лесно кога ќе се земи во предвид дека оваа година малку и времето не не послужи, но кога се има желба, кога се има мотивација, а во овој случај мотивот е многу силен“, рече Драган Јованов, здружение „Тиквешки точакџии“.

 

 

 

 

Креатори на настанот со ружите се СОУ „Наум Наумоски – Борче“, а поддржувачи локалниот младински совет на Крушево.

 

„Најдостоинствен начин сметав дека е да положиме роза пред оние кои што одлучиле на еден уникатен начин да го слават ликот Тоше Проески“, кажа Снежана Миленкоска, директор на СОУ „Наум Наумоски – Борче“.

 

„Тој побара ѕвездено небо пред 12 години на неговиот последен концерт, ние со оваа активност ќе му подариме река од рози“, вели Билјана Стојаноска, младински совет на Крушево.

 

Во Крушево денес имаше дојдено фанови од цела Македонија и целиот Балкан.

 

„Правиме голем број на хуманитарни акции во Бугарија во името на Тоше. Сега на 18 октомври во Благоевград се организира и хуманитарна вечер на Тоше, кога се пеат само негови песни. За нас е најдобар начин да го памтиме него по неговите песни и музика“, рече еден фан на Тоше од Бугарија.

 

 

Освен вечното почивалиште фановите ја посетуваат и Спомен куќата која е најпосетуваниот музеј на Балканот со 650.000 посетители од 2011-та до сега од кои 30% странци. Најново е што поставката за прв пат ќе излези и надвор од Македонија.

 

„Кон крајот на овој месец Националната установа Спомен куќа на Тодор Проески заедно со својата поставка заминува за Романија каде и ќе го претставиме ликот и делото и всушност тоа е основната цел на Спомен куќата да се чува ликот и делото на Тоше и да се популаризира самиот музеј“, кажа Елена Мирческа, директор на „Спомен куќа Тодор Проески“.

 

Се очекува идната година да биде изградено новото вечно почивалиште на Тоше.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи