ВИДЕО – Фолтин како сaундрак во новото видео на When in Krushevo оутдор фестивал!

Деновиве се направи промоција на видеото од јунското 4-то издание на оутдоор фестивалот When in Krushevo. Основна мисија на When in Krusevo е да го сврти вниманието како на македонската, така и на странската публика за огромниот потенцијал и богато културно наследство кој го нуди Крушево и околината. Погодната местоположба и клима му овозможува на градот да биде атрактивен за посета преку целата година, за сите возрасти, рекреативци, љубители на адреналински спортови или пак кампери.

 

Големата љубов кон градот, енергијата и ентузијазмот на организаторите на When in Krushevo го направи овој оутдор фестивал препознатлив во регионот веќе 4та година по ред.

 

Фолтин ја даде својата поддршка како соундрак во видеото од јунското издание на When in Krusevo со својата песна „Облаче“, од албумот “Пијан Славеј“, издаден во 2015.

 

Видео : D&D Production ( www.infokompas.com.mk) , монтажа Дарко Станковски.

 

Погледнете го видеото овде :

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.