Ученици од СОУ „ Ѓорче Петров“ организираа хуманитарна активност за здружението за лица со посебни потреби „Порака“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

СОУ „ Ѓорче Петров“ организираше хуманитарна активност наменета за членовите на здружението за лица со посебни потреби „Порака“.

 

Учениците од струката за лични услуги, фризери и козметичари го искористија своето знаење и правејќи професионални фризури и шминка на лицата со посебни потреби, успеаја да измамат насмевки и радост на нивните лица и да докажат дека сите сме исти. Покрај тоа, за членовите на „Порака“ беа донирани храна и пијалоци.

 

Организатори на оваа акција беа учениците Елдин Шкријељ, Мери Стеваноска и Ангела Ангелеска, а им се приклучија и учениците од III 5 и II 4 клас.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи