Меркел: Македонија треба да добие датум за преговори, но шансите не се добри

Facebook
Twitter
Email
Print

Германската канцеларка Ангела Меркел уште еднаш истакна дека на Македонија и Албанија треба да им се даде датум за почеток на преговори со Европската Унија, но сепак нагласи дека шансите за тоа да се случи во моментот не се добри.

 

„Мораме да опстоиме на дадените ветувања кон овие две земји. Ние имаме одговорност кон нив и мислам дека се исплаќа да им се даде европска перспектива на Северна Македонија и Албанија. Во меѓувреме се изградени мостови кон ЕУ-партнерите, кои сѐ уште имаат задршки за почетокот на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија и инсистираат на поголема транспарентност на процесот на проширување. Сепак, шансите за постигнување согласност на самитот на ЕУ не се добри“, призна Меркел, а пренесе „Дојче веле“.

 

Ова уследи по нејзината вчерашна средба со францускиот претседател Макрон, кој им порача на Македонија и Албанија уште малку да се стрпат пред да добијат одобрување за почеток на преговори.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи