Војна на улиците на Мексико – картелот го ослободи синот на Ел Чапо од полицијата

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

На северот на Мексико избија жестоки судири меѓу безбедносните сили и членовите на моќниот картел Синалоа, откако беше уапсен еден од лидерите на наркокартелот, Овидио Гузман Лопез, односно синот на поранешниот лидер Хоакин Гузман, или попознат како Ел Чапо, кој одлежува доживотна робија во САД.

 

Полицијата го пронашла 28-годишниот Овидио при рутински претрес на неговиот дом, кој заедно со неговиот брат Иван ја презеде контролата над картелот, откако нивниот татко Ел Чапо беше уапсен и екстрадиран во САД во 2017-та година.

 

Веста за апсењето на Овидио предизвика вистинска војна на улиците во градот Кулиакан. Членовите на Синалоа организирале голем напад за што е можно поскоро да го извлечат помладиот Гузман од затвор. Дошло до големи престрелки и судири со војската и полицијата, при што има голем број на жртви и повредени, а запалени се и голем број на автомобили, како и една бензинска пумпа.

 

Министерот за безбедност Алфонсо Дуразо објасни дека безбедносните сили биле совладани од страна на картелот, па со цел да ги заштитат нивните животи и да се избегне понатамошното насилство одлучиле да се повлечат од градот и да го ослободат Овидио Гузман Лопез.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи