Димитров: Најмалку што заслужуваме од ЕУ е да биде директна со нас

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров,  на својот Твитер профил напиша дека лидерите на ЕУ најмалку што може да направат е да бидат искрени со регионот и јасно да кажат ако повеќе не постои консензус за европската иднина за Западен Балкан.

 

„Најмалку што му должи Европска Унија на регионот е да биде директна со нас. Ако повеќе нема консензус за европската иднина на Западен Балкан, ако не важи ветувањето од Самитот во Солун во 2003 година, граѓаните заслужуваат да знаат“, напиша Димитров.

 

Тој упати благодарност до европските лидери што се бореа ЕУ да отвори пристапни преговори со Македонија и истакна дека мора да продолжиме да ги браниме вистинските европски вредности дома.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи