Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Прилеп

Мотоциклист се здоби со тешки телесни повреди во сообраќајка помеѓу мопед и автомобил.

 

Имено, вчера во 16.00 часот на крстосница од ул.„Кеј 19-ти Септември“ со ул.„,Борка Спиркоски“ во Прилеп се случи сообраќајна незгода помеѓу мопед „Томос“, со прилепски регистарски ознаки, управуван од С.К.(52) од Прилеп, и патничко возило „Рено Меган“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С.(32) од Прилеп. Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Општата болница Прилеп за укажување на лекарска помош.

 

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.