ВИДЕО – „Студенчица“ има се помалку вода, доколку не заврне регионот со над 200.000 жители го чека катастрофа

Поради алармантната издашност на изворот „Студенчица“ од само 510 литри вода во секунда, што е многу блиску до историски најниското ниво на изворот кое изнесува 490 литри, Прилеп, a особено високата зона на градот, изминативе недели се соочуваат со големи проблеми и рестрикциии при водоснабдувањето. Доколу не се подобри хидролошката ситуација околу 200.000 граѓани на Кичево, Крушево, М. Брод, Прилеп и другите помали општини кои се приклучени на Студенчица, може да се ги снајде вистинска катастрофа. Деновиве Прилеп конечно најде решение за високата зона од градот, но за жал и тоа е само привремено бидејќи издашноста на изворот постојано опаѓа.

 

 

„Пронајдовме начин со манипулација на вентилите низ цевководот од бунарите да качиме вода до стариот варошки резервоар, чија основна намена беше да ја складира водата од пречистителната станица во услови кога езерото има вода помеѓу 730-тата и 735-тата кота за да можи да ја прочистува истата и да ја складира. И преку препумпна станица истата ја вбризгуваме во кружницата која што е главната линија за водоснабдување на високата зона на градот“, истакна Емил Јанески, директор на ЈКП „Водовод и Канализиација“ – Прилеп.

 

Од 510 литри на Студенчица, Прилеп добива само 130, 25 литри се добиваат од старите градски извори, а останатите потреби се задоволуваат од 15 бунари, кои вкупно ги има 25. Но, Прилеп реално дневно троши над 400 литри вода во секунда.

 

„Со издашност на Студенчица од само 500 литри во секунда можеме само да очекуваме дека секое домаќинство ќе има вода. Се надеваме дека ќе се подобри хидро метереолошката состојба. Ако ваквата суша продолжи постои опасност ии да опаѓа дополнително Студенчица, но и да опаѓа т.н. бунарско огледало, нивото на бунарите со што бунарите во биле вон функција би започначе да влечат песок наместо вода“, додаде Јанески.

 

Инаку понекогаш водата во Прилеп доаѓа матна до домаќинставата, но тоа според директорот Јанески било поради мешањето на водите од Студенчица и бунарите, но засега таа била хемиски и бактериолошки исправна. Се апелира на максимална граѓанска совесност да се штеди водата за да се избегне катастрофа.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien