Еднодневна екскурзија за најдобрите 150 ученици од Прилеп

Како награда за постигнатите резултати во минатата учебна година, за 150 ученици од прилепските основни и средни училишта, Општина Прилеп организираше еднодневна екскурзија до Маврово, манастирот „Св.Јован Бигорски“, Вевчани и Струга.

 

Изборот на ученици беше направен врз основа на известувањата од основните и средните училишта од општина Прилеп испратени до Комисијата за општествени дејности и правата на децата при општинскиот Совет, со кои беа опфатени 150 ученици кои постигнале особени резултати по различни предмети од општинско, регионално и државно ниво.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien