Тестиран најдолгиот комерцијален лет во историјата – трае речиси 20 часа

Австралиската авиокомпанија „Квантас“ успеа да го реализира најдолгиот комерцијален лет, што траеше скоро 20 часа од Њујорк  до Сиднеј.

 

Компанијата сакаше да ги провери границите на издржливост на патниците и дали летовите што траеја скоро цел ден беа подносливи, а тест-летот беше наречен „Проект Изгрејсонце“.

 

Авионот „Боинг 789-9 дримлајнер“  слета во Сиднеј по 19 часови и 16 минути, откако помина 16.200 километри низ 15 временски зони. Со тоа беше надминат рекордот на „Сингапур ерлајнс“, чиј редовен лет до Њујорк трае 18 часови и 25 минути.

 

„Ги охрабривме патниците да консумираат многу кафе за време на летот“, рече Фил Кипс од персоналот на „Квантас“.

 

Австралиската авиокомпанија има намера да ги истурка границите на долги летови, најавувајќи дека ваквите летови ќе бидат достапни за сите во 2022 или 2023 година. Сепак, на овој лет биле одбрани само 50 луѓе, а во тој број биле вклучени и екипажот, како и истражувачите, кои снимиле сè што се случило за време на летот.

 

Во врска со истражувачите, Квантас сакаше да тестира како патниците реагираат на разни работи. Покрај тоа, волонтерите имаа на нив опрема што следи како се однесуваат нивните тела и реагираат на промените во текот на летот.

 

Летот помина непречено и според првичниот план. Оваа компанија планира да спроведе идентични тестирања за еден месец, кога ќе лета од Лондон до Сиднеј.

 

Зголемениот број патници и развојот на авионите ја наметнаа потребата од ултрадолги летови. Меѓународната асоцијација за воздушен сообраќај проценува дека годишна бројка патници ќе порасне од сегашните 4,6 на 8,2 милијарди до 2037 година.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien