Три медали за Боксерскиот клуб АС од Прилеп на државното првенство, продолжува борбата за златото

На 19 и 20 октомври во Охрид во спортската сала Билјанини Извори се одржа Државното првенство во бокс во категориите : деца, кадети , јуниори и сениори. Организатор беше Боксерската Федерација на Македонија и боксерскиот клуб Алексо Огненовски од Охрид. На ова превенство пријавени беа околу 140 боксери . Боксерскиот клуб АС од Прилеп настапи со четворица боксери предводени од тренерите Ѓорѓи и Дарко Чатлески.

 

„Во категорија кадети +80 кг. Далибор Карафилоски го освои бронзениот медал , во категорија деца до 80 кг. Матеј Чатлески го освои сребрениот медал а во кадети до 60 кг. Дамјан Талимче по победата во полу финале ќе настапи во финале на следното боксерско коло што ќе се организира од БФМ . Мартин Алексоски во категорија кадети до 54 кг. не настапи поради што во неговата категорија немаше пријавено други боксери. Ова е добар резултат за нашиот клуб , иако настапивме со двајца дебитанти во рингот на ова првенство. Имаме 3 медали од 3 боксери а секако го чекаме и златото. Оптимистички гледаме во Дамјан Талимче за освојување на златниот медал, иако имаме еден доста јак противник во финалето. Ќе мора да се спремиме психички, физички и тактички . Се надеваме на златото“, истакна тренерот Дарко Чатлески. 

 

Чатлески додаде дека за прв пат на ова првенство се официјализираа и борбите во женска конкуренција . Во клубот АС има ии неколку добри и перспективни девојки кои од наредните кола во бокс ќе можат да го претставуваат нашиот град и клубот и да го докажат своето знаење во оваа племенита вештина.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien