Црквата Свето Благовештение во Прилеп го враќа стариот автентичен лик од 1838

Црквата Свето Благовештение во Прилеп или кај народот позната како Стара Црква го враќа стариот автентичниот лик на фасадата кој потекнува од 1838, односно од времето кога истата е и изградена. Во моментов надворешниот дел на црквата беше покриен со бела боја и малтер кој ја криеше уникатанта архитектура и стил на градба на црквата каков што имале православните храмови на овие простори уште во 16 и 17 век.

 

„Црквата претставува навистина едно уникатно ремек дело, како по својата градба така и по својата внатрешност, односно иконостасот кој е стар скоро 180 години и иконите кои се наоѓаат на него. Со наши средства од црквата сега го враќаме автентичниот надворешен изглед, а додека претходно исто со средства од црквата беше вратен внатрешниот оригинален изглед на ѕидовите во храмот. Иисто така комплетно беше променет и подот со гранитни плочки кои се вклопуваат во целиот ентериер на храмот“, истакна Илчо Смилески, старешина на црквата Свето Благовештение.

 

Инаку претходно Инфо Компас објавуваше дека се распаѓа еден од највредните иконостаси во Македонија, стар 174 години, во црквата Свето Благовештение во Прилеп. Според експертите тој е трет по вредност во Македонија после оној во Бигорскиот манастир и црквата Свети Спас во Скопје, а го изработила тајфата на познатиот  копаничар Петре Филипоски – Гарката.

 

Деновиве конечно од Заводот и Музеј Прилеп истакнаа дека ќе се започне со истражувачки работи за изготвување на проект на конзервација на иконостасот која би започнала идната година.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien