Американскиот Сенат го усвои Протколот за членство на Македонија во НАТО

Американскиот Сенат денеска со 84 гласови „за“ и два против го го ратификуваше протоколот за членство на Македонија во НАТО.

 

„Како што стои во извештајот за зачленување на Северна Македонија во НАТО поднесен до Конгресот на 27 март 2019 година, во однос на Резолуцијата за давање совет и согласност за ратификација на протоколите за зачленување на Полска, Унгарија, и Република Чешка, од 30 април 1998, Северна Македонија е решителен партнер на САД, и од нејзиното членство во НАТО ќе имаат директна корист стратешките интереси на САД и на НАТО Алијансата. Барам Сенатот да обезбеди препорака и согласност, и мојата администрација е подготвена да помогне во неговите излагања“, пишуваше во дописот од Трамп испратен до Сенатот на 30 април оваа година.

 

САД се 25-та земја членка на Алијансата што го ратифкуваше овој протокол. Минатата недела националните парламенти на Италија и на Велика Британија го ратификуваа Протоколот за зачленување на Македонија во НАТО.

 

Останува уште 4 земји да го ратификуваат овој протокол. Откако сите 29 земји членки на НАТО ќе го рафикуваат договорот Македонија може да стане 30 членка на НАТО.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.