ВИДЕО – Ристески : Македонија се буди и бара промени, деспотот Заев е на колена, утре ве очекуваме на плоштад

Македонија се буди, Македонија бара промени! Граѓаните  го креваат гласот против оваа одродена власт на СДСМ и Зоран Заев кои стануваат минато и ќе бидат сместени на темната страна од историјата на Република Македонија. Истакна на денешната прес конференција Петар Ристески, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Животот во државата стана неподнослив, беспарицата како никогаш порано ги приморува граѓаните масовно да се иселуваат и да трагаат по подобар живот. Ова мора да прекине, Македонија мора еднаш засекогаш да стане правна држава, држава каде ќе се почитува законот и каде ќе се живее достоинствено. ВМРО-ДПМНЕ одново ќе го носи товарот за спроведување на промените и вистинските реформи за целосна ОБНОВА НА ТАТКОВИНАТА!

 

Ве поканувам сите, членови, симпатизери, граѓани, во среда на големиот државен празник 23 Октомври – Денот на Македонската револуционерна организација, со почеток од 11:30 часот на плоштадот “Методија Андонов-Ченто”, на заедничка средба со Претседателот на партијата, Г-дин Христијан Мицкоски.

 

Дојдете да разговарате лично со идниот премиер на Република Македонија и да дадете свој придонес, свои идеи за идната изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ. Дојдете да ги кажете проблемите кои го тиштат вашето секојдневие.

 

ВМРО-ДПМНЕ продолжува заедно во сојуз со народот да ја пишува новата стварност во државата, која ќе значи голема победа на изборите во април идната година. Македонија расчистува со криминалот, корупцијата и злосторничкото здружување наречено СДСМ и Зоран Заев.

 

Деспотот е на колена и веќе е поразен! Затоа приклучете се сите во Обновата на државата и во борбата за враќање на достоинството и посебноста на македонскиот народ“, истакна Ристески.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.