Над 80 проценти од домаќинствата имаат пристап до интернет, мажите поголеми корисници отколку жените

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Над 80 проценти од домаќинствата во земјава имале пристап до интернет во првото тримесечје од годинава, покажуваат најновите статистички податоци.

 

Според денеска објавените податоци од Државниот завод за статистика, од вкупното население на возраст од 15 до 74 години интернет користеле 81,4 проценти. Повеќе интернет користеле мажите отколку жените.

 

Висок е процентот и на оние кои интернет користеле секој ден или речиси секој ден, односно 72,9 проценти, додека помалку од еднаш неделно користат интернет само 0,9 проценти.

 

Социјалните мрежи ги користеле 68,4 проценти, а од нив повторно поголем е процентот на мажи кои ги користеле овие мрежи, отколку жени.

 

Речиси 36 проценти порачале стоки или услуги преку интернет во последните 12 години, а од нив 35,8 проценти купиле облека или спортска опрема

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи