Објавен финалниот трејлер за „Star Wars: The Rise of Skywalker“

Обожавателите на франшизата „Star Wars“ конечно имаат можност да го погледнат финалниот трејлер за „The Rise of Skywalker“, чија премиера е закажана за 20 декември. „The Rise of Skywalker“ е финалната деветта епизода од приказната за Скајвокер и е директно продолжение на „The Last Jedi“ од 2017 година. Трејлерот го носи слоганот „Сагата завршува, приказната живее засекогаш“.

 

Приказната започна во далечната 1977 година, со „A New Hope“, па продолжи како трилогија. При крајот на 90-тите и почетокот на 2000-те беше снимена „приквел“ трилогијата, односно почетоците, за во 2015 сагата да се врати на големите екрани со „The Force Awakens“. Осмиот дел беше реализиран на крајот на 2017-та, а со 9-от дел завршува познатата сага.

 

Како режисер и продуцент повторно се враќа Џ.Џ. Абрамс, а во улогите ќе ги гледаме Дејзи Ридли, Адам Драјвер, Џон Бојега, Оскар Ајзак и Лупита Нјонго, како и оригиналниот член на поставата, Марк Хамил. Починатата Кери Фишер ќе ја репризира улогата на Леа, благодарение на претходно необјавени снимки за „The Force Awakens“.

 

Трејлерот завршува со зборовите на Скајвокер, кој вели „Силата нека биде со тебе“, а втор глас додава „Секогаш“.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.