Европскиот Парламент ја изгласа вонредната резолуција за почеток на преговори со Македонија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

По три дена дебата Европскиот Парламент ја изгласа вонредната резолуција со цел започнување на преговорите со Македонија. Со резолуцијата се осудува одлуката да не и’ се одобри почеток на преговори со ЕУ на Македонија.

 

Со 412 гласа „за“, 136 „против“ и 30 воздржани, европратениците ја изгласаа резолуцијата со која ги повикуваат европските лидери на наредната средба да донесат одлука за почеток на преговори со Македонија и Албанија.

 

„Политиката за проширување на ЕУ е најефективниот инструмент за надворешна политика на Унијата, а понатамошното распаѓање на таа политика може да доведе до сè понестабилна состојба во непосредното соседство на ЕУ“, се вели во резолуцијата.

 

Резолуцијата беше поднесена од 58 европратеници, кои изразија длабоко разочарување од неможноста на Унијата да почна пристапни преговори со оглед на тоа што и Македонија и Албанија направија значителни напори во исполнувањето на европските барања. Следниот самит на Унијата е во мај 2020 година во Загреб.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи