Започнува Paragliding Accuracy European Cup 2019 – Prilep Open

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Paragliding accuracy european cup Superfinale е последниот натпревар од Европскиот куп за 2019 година од вкупно 6 кои се одржуваат во една сезона. Организатор е клубот за екстремни спортови Sky riders од Прилеп под покровителство на општината. На финалето ќе земат учество 60-тина пилоти од 13 земји.

 

 

Денеска е регистрација на учесниците, а натпреварот започнува официјално утре и ќе трае во наредните 2 дена. Доколку има проблем со временските услови како резервен ден за натпреварување е оставен и недела.

 

Учествува на натпреварот светскиот и европски првак во прецизно слетување како и пилотот кој се уште го држи рекордот со 4 резултати нула едноподруго Антон Свољшак од Словенија.

 

Ќе се полетува од Крушево, а ќе се слетува на теренот во Алданци.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи