Светилник во Данска поместен 70 метри за да не падне во море

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Светилникот Рубјерг Кнуде, што се наоѓа во северните песочни дини во Данска беше преместен, првпат по 120 години. Со помош на платформа со тркала е поместен за 70 метри, поради ерозијата на земјиштето што се закануваше да го урне историскиот споменик во морето.

 

Светилникот е тежок 720 тони. Операцијата траела неколку часа, а била планирана 10 недели.

 

Рубјерг Кнуде е популарна туристичка дестинација, којашто годишно привлекува околу 250.000 луѓе.

 

Светилникот почна да се гради во 1899 година, а првпат засвети на 27 декември 1900 година. Кулата кога беше изградена беше оддалечена од морето 200 метри. Но, ерозијата на тлото постојано го намалувало тоа растојание за два метра годишно. Овој пат земјиштето околу зданието ќе биде пополнето со цемент.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи