Се превртил со возилото на кров – вечерва нова сообраќајка во Прилеп на истото место како вчера на излезот за Скопје

Вечерва околу 20 часот на улицата „Александар Македонски“ на излезот од Прилеп кон Скопје се случи нова сообраќајна несреќа во која за среќа нема жртви. Според првичните и неофицијални информации кои ги добивме од очевидци на настанот, возило марка Рено Клио со скопски регистарски таблици удрило во бетонскиот ѕид и се превртело на кров. За да го извадат возачот, кој бил сам во возилото, мораше да интервенира и екипата на ТППЕ Прилеп.

 

Возачот првично немал тешки повреди. Несреќата се случила на истото место како онаа вчера. Истрагата допрва треба да покажи како дошло до несреќата.

 

Жителите од овој дел на градот до нас испратија и фотографии од несреќата и апелираат надлежните да превземат нешто затоа што за само 2 дена ова е трета сообраќајка која се случува во овој дел на Прилеп. Поради несовесните возачи тие како пешаци се плашат за својот живот.

 

Повеќе информации се очекуваат подоцна.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи