ВИДЕО – Заев : Освен полноправно членство во ЕУ не прифаќаме никакви пактови, партнерства или економски проекти

Нашето место е во ЕУ и нема да прифатиме никакви понуди за договори за некакви пактови или економски сојузи, за нас е прифатливо единствено полноправно членство во ЕУ. Цел свет зборува за нас и за тоа што го направивме, ние сработивме и заслуживме. Ние сме пример кој го зборува секој врвен политичар и експерт. Со овие зборови премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев денеска им се обрати на прилепчани на трибина која се одржа во овој град. Тој истакна дека само ова било правот пат по кој Македонија треба да оди и немало друга алтернатива.

 

 

„Навистина не е фер кон нас, затоа што ни ветија, нии ветија испорачајте, ќе испорача и ЕУ. Дискутираа до 2.30 часот утрината за нас и за жал се случи неправда. Но јас ве уверувам дека и од таа неправда ова наша мала земја ќе изникне како феникс. Затоа што провејува во етерот, Европа зброува за неправдата, целиот свет зборува за неправдата. И од тоа и тоа како ќе искористиме за да брзо не врата на исправноста на одлуката. Таа што ја заслужуваме и никако поинаку. Не прифаќаме било какви алтернативи, пактови, партнерства незнам какви економски проекти за нас. Ние сме за полноправно членство во ЕУ“, рече Зоран Заев премиер и лидер на СДСМ.

 

Заев на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски им предложи доколку сакале да станат демократска партија да се оттргнат од влијанието на Грувески и парите кои им ги праќал, затоа што тоа биле украдени пари. Заев побара од опозицијата да застане зад интересите на државата, а не зад личните или тесно партиски интереси.

 

„Кај им се лагите со опашкии албански ќе се учело во Прилеп. Како не им е срам сега да дојдат после 6 месеции законот донесен каде се учи албански јазик. Се кажуваат десничарка конзервативна партија, да зборуваат за патриотизам, а како кукавици да се кријат кога треба да се носат храбри одлуки за државата. Каде се ?“, додаде Заев.

 

Заев уште еднаш повтори дека ќе има покачување од 14.500 денари на минималната плата, а за наредната година вети просечна плата од 30.000 денари, 100.000 денари плата за специјалистите, поголеми пензии и плати во образованието. А наредната недела ќе се покачела капитацијата за матичните лекари, стоматолозии и гинеколози.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.