Шапуриќ: Откупувачите се подготвуваат за откуп на тутунот

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Зоран Шапуриќ, придружуван од инспектори во инспекторатот, одржа состанок во Прилеп со претставниците на компаниите регистрирани за откуп на тутун. На состанокот присуствуваше и Гордана Мицевска директор Научниот институт за тутун и Мендо Стомнароски Претседател на Сојузот на земјоделски здруженија, соопшти денеска Државниот инспекторат за земјоделство.

 

„Во пресрет на претстојниот откуп на тутунот на состанокот се разговараше за откупот согласно новиот Закон за тутун. Посебен акцент на состанокот беше ставен на потребата од брзо формирање на Комисија за верификација на мострите од тутунот, бројот на откупните места и контролата на откупот од страна на овластените инспектори. Се разговараше и за потребата од навремено доставување на потребната документација до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и до Инспекторатот, како и за финансиските и другите условите кои што треба да ги исполнат, пред почетокот на откупот. Од страна на компаниите беше нагласено дека новиот Закон за тутун содржи значителни подобрувања во однос на претходниот закон, но дека во иднина треба да се извршат одредени допрецизирања на законот“, рече Шапуриќ.

 

Шапуриќ истакна дека определба на Државниот инспекторат за земјоделство, како и на сите државни институции е да имаат постојана комуникација со бизнис секторот, но и со земјоделските производители, во насока на изнаоѓање на соодветни решнија. Воедно тој додаде дека Инспекторатот за време на откупот на тутунот, максимално ќе биде присутен на терен и дека ќе претстои интезивен инспекциски надзор за време на откупот.

 

По завршување на состанокот во рамките на престојот во Прилеп, Шапуриќ го посети Тутунскиот комбинат Прилеп, кој покрај производство на цигари, врши и откуп на тутун. Менаџментот на комбинатот го информираше Шапуриќ за резултатите од стратешко партнерство со компанијата „Филип Морис”, како и тоа дека по повеќе од една деценија работење со загуби, годинава се очекува комбинатот да оствари добивка.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи