Македонските џудисти садеа дрвја околу манастирот кај Селце во Прилеп по повод Светскиот ден на џудото

Македонските џудисти во близината на градот Прилеп во месноста Селце – Манастир го  одбележан Светскиот ден на џудото 28 октомври – Роденденот на таткото на џудото Џигоро Кано. Денешните активности на џудо федерацијата започна со одржување на конститутивната седница на Извршниот одбор која започна во 09.30 часот, потоа активноста продолжи на локацијата Селце – Манастир каде беа се одржа централната манифестација за одбележување на Светскиот ден на џудото, беа засадени млади садници во чест на роденденот Џигоро Кано – оваа година под мотото Засади Дрво. Благодарност до ЈП Македонски Шуми – Скопје, Подружница Црн Бор – Прилеп, ЈКП Комуналец – Прилеп, ТППЕ Прилеп и ДОО Кожувчанка за безрезервната подршка во одбележуваее на овој голм ден за џудо спортот во целиот свет.

 

Заедно со 40 милиони џудисти ширум целиот свет, раководството на федерацијата, спортските работници, џудистите од џудо клубовите Сеишин, Пролетер, Прилеп, Санкаку и Бушидо зедоа активно учество во одбележување на роденденот на Џигоро Кано засадувајќи млади садници.

 

Во текот на денешниот и утрешниот ден прославата ќе биде одбележена и во другите градови каде што и останатите џудо клубови во чест на големиот празник, Светкиот ден на џудото 28 октомври ќе засдат дрвца.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи