Тркачите од ОК „Златоврв“ Прилеп „прегазија“ се пред себе на „Meteora Trail Run 2019“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Викендов во Грција се одржа планинската трка „Meteora Trail Run 2019“ на која учествуваа над 500 учесници од повеќе држави на двете дестинации, едната долга 23 км, а другата долга 10 км. На трката учествуваа и 10 членови на ОК „Златоврв“ Прилеп кои трчаа на рутата долга 10 км.

 

Талија Петреска го освои првото место во женска конкуренција на трката од 10 км, а дестинацијата ја помина за 1 час и 13 минути.

 

Ивана Настовсјка го освои 5-тото место во женска конкуренција.

 

Во ашка конкуренција Виктор Вељаноски го освои 3-тото место, Давид Трајкоски 12-то место, Александар Талески 24-то место и Мартин Кочески 25-то место.

 

Во детската трка првото место го освои Тифани Трајкоска. Во детска конкуренција учествуваа уште Илија Петрески, Јована Јованоска и Анастасија Бошкоска.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи