27 годишен прилепчанец загина во сообраќајна несреќа

На 28.10.2019 во 00.35 часот на регионалниот пат Прилеп – с.Ропотово, патничко моторно возило „пежо 307“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(27) од Прилеп, излетало од коловозот и се превртело, соопштуваат од МВР.

 

„Во незгодата возачот починал на местото на несреќата, а со телесни повреди се здобиле сопатниците Ф.Б.(27) и О.Д.(18) и биле пренесени во Општата болница Прилеп за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид од Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Прилеп“, се додава во соопштението од МВР.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.