Советот изгласа одлука за реконструкција и урбанистичко уредување на Градска река

Советот на општина Прилеп денеска ја одржа 33 седница, на која советниците расправаа за прашања од интерес на граѓаните.

 

Членовите на општинскиот Совет ја усвоија Одлуката за изработка на техничка документација за изградба, реконструкција и урбанистичко уредување на Градска река, како еден од приоритетните проекти за Општина Прилеп.

 

Прилепските советници го усвоија Извештајот за извршување на општинскиот буџет за третиот квартал од 2019 година, а едногласно ја изгласаа и Одлуката со која фекалната канализација со системот за предтретман за отпадни води, заедно со мрежата на индивидуални приклучоци во населеното место Канталарци, му ја предадоа на стопанисување на ЈКП „Водовод и канализација“.

 

„Зелено светло“ доби и Одлуката за доделување средства на здружението „Локален спортски сојуз Прилеп“, за организација на традиционалниот турнир во мал фудбал „Свети Никола“. Советниците дадоа согласност и за покачување на платите на помошно-техничкиот персонал на ЈОУ Дом за стари лица „Киро Крстески-Платник“, како и за Одлуката за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите во ЈКП „Комуналец“.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.