ВИДЕО – Уништен еден од двата летниковци на Маркови Кули од проектот вреден 100.000 долари

Непознати сторители комплетно го уништиле еден од двата летниковци на ридот Маркови Кули кои беа изградени како дел од проектот „Маркови Кули – Заштита и делување“, вреден 100.000 долари, а кој го имплементираше УНДП, со средства од ЕУ.

 

 

Освен летниковците на Маркови Кули со овој проект се поставија и неколку клупи, се осветли дел од ридот, се рехабилитираше постоечкиот пат, а кај карпата Слон ќе биде поставена Инфо точка, како и камери за видео надзор.

 

Од Општина Прилеп и ЈНУ „Институт за старословенска култура – Прилеп“, како реализатори на овој проект  овој вандалски чин е пријавен во полиција. Се апелира до сите граѓани и посетители кои имаат сознанија и информации за сторителите, да ги пријават во Полициската станица од општа надлежност – Прилеп.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи