Два пожари активни во Прилепско, гори кај Зрзе и кај Дрен

Иако под контрола, во моментов во прилепско се активни два пожари, информираат од прилепската противпожарна единица.

 

Едниот пожар е на потегот на селата Зрзе – Маргари, гори нискостеблеста шума и зафатени се 20-ина хектари.

 

Вториот активен пожар е во непристапен терен на потегот на селата Дрен-Смолани и е на многу поголема површина од околу 50 хектари.

 

Според Виктор Стојчески, командир на прилепската противпожарна единица нивните екипи и на прилепски „Комуналец“ и од јавното претпријатие „Црн Бор“ се на теренот.

 

„Горат нискостеблеста шума, сува трева, а кај Дрен-Смолани имаше зафатено и бор, но тоа е спречено да се шири. Пожарите горат веќе трет ден. Иако се под контрола, сепак се активни. Поради непристапноста на теренот кај селата Дрен-Смолани побаравме и авионска интервенција за гасење“, рече Стојчески.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.