Петар Стојковски од Витаминка се стекна со најпрестижното признание „Business Elite’s 40 under 40“

Петар Стојковски, директорот за продажба за српскиот пазар од Витаминка, е еден од 40те најуспешни млади лидери прогласени на годинешната Global Top Brand Awards програма.

 

Стојковски е издвоен врз основа на неговите успеси во досегашната кариера и постигнатите резултати во зацврстувањето на позицијата на Витаминка и нејзините брендови на српскиот пазар, вклучително и подобрено поставување и позиционирање во ова високо конкурентно и побарувачко опкружување како и за веќе докажанитерезултати на меѓународно ниво.

 

„Стекнувањето со едно ваквопризнание е голема чест но и можност за отворање нови видици и перспективи. Со претставување на иновативноста и визионерството на добитниците,се отвораат неограничени можности за успех и тоа не само на индивидуален туку и на колективен план, пред се за компанијата и воопшто за деловните капацитети на земјата”, вели Петар Стојковски од Витаминка.

 

Наградата „40 under 40“ претставува една од најпрестижните и најпопуларните признанија во бизнис светот и секој кој се здобил со вакво признание се очекува да создаде извонредна кариера и да постигне огромни успеси во иднина.

 

Business Elite’s 40 under 40 како бренд на Global Top Brand Awards е програма која ги препознава и ги признава успешните луѓе од бизнисот и ги вмрежува со цел зголемување на нивниот бизнис и профит и основа за идна соработка. Церемонијата „Business Elite’s 40 under 40“ се одржа во Амстердам во грандиозната Huis Bartolotti каде што официјално беа доделенистатуетките на 40те најамбициозни и најуспешни млади бизнис лидери, визионери, иноватори под 40 години, од 10 земји од Источна Европа меѓу кои и Македонија.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.