Галевска: Над 500 лични карти беа издадени незаконски

Јадранка Галевска поранешен началник на Одделот за управни работи денеска при сведочењето за случајот „Титаник” посочи дека незаконски биле издавани лични карти, најголем број  во општините каде тогашната владејачка ВМРО-ДПМНЕ имала најслаб рејтинг.

 

Галевска при директното испрашување од обвинителката Лиле Стефанова наведе дека заедно со началници од другите општини била повикана на разговор во 2012 година кај тогашниот шеф на кабинетот на минсистерот за вантрешни работи Кире Тодоровски каде им било кажано дека ќе треба да се издаваат лични карти на лица од Преспа, а за сето тоа за контакт ќе биде Мунир Пепиќ, кој лично ќе доаѓал кај неа, а со цел да не им ги прислушуваат телефонските разговори.

 

Пекиќ носел по 20-30 лица кои требало да бидат сместени на иста адреса, исто така определена однапред. Според Галевска преку 500 лични карти биле издадени незаконски.

 

Галевска од старт предупредила дека тоа е многу ризично и скоро невозможно, но и било истакнато дека не треба да се меша, бидејќи тоа било висока политика.

 

Таа истакна дека веднаш и станало јасно дека е вовлечена во игра и дека тоа нема да заврши, наведувајќи дека многу била исплашена за нејзината безбедност, како и за безбедноста на нејзиното семејство.

 

Во случајот „Титаник”, ссвен поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство, обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

 

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.