Непалски планинар постави рекорд искачувајќи ги 14-те највисоки врвови за шест месеци

Непалскиот алпинист Нирмал Пурџа ги покори сите 14 највисоки врвови на планетата повисоки од 8.000 метри за 189 денови, поставувајќи го новиот светски рекорд.

 

Пурџа го освои врвот Шишапангма на 8.027 метри во Тибет, шест месеци и една недела откако го искачи Анапурна I, започнувајќи го својот „Можен проект“.

 

„Мисијата е исполнета“, објави Пурџа на својот Инстаграм од врвот во Тибет, 14-та највисока планина во светот.

 

Од 14-те највисоки врвови во светот, осум има во Непал, пет во Пакистан и еден во Тибет.

 

Нирмал Пуржа започна да ја остварува оваа идеја на 23-ти април годинава откако се искачи на Анапурна во Непал со надморска височина од 8.091 метри, потоа на 12-ти мај се искачи на Даулагири висок 8.167 метри, на 15-ти мај Кангченѕунга во Непал висок 8.848 метри, па на 22-мај следеше највисоката точка на светот Еверест со 8.485 од страната на Непал, а исто така на 22-ри мај следеше Лоце со 8.516 метри во Непал , па на 24-ти мај Макали со 8.485 метри во Непал.

 

Следната тура искачувања беше во јули и беа освојувани врвовите во Пакистан, и тоа на 3-ти јули Нанга Парбат висок 8.126 метри, на 15-ти јули Гешербрум 1 со 8.080 метри, на 18-ти јули Гешербрум 2 со 8.035 метри, па на 24-ти јули врвот К2 висок 8.611 метри, а на 26-ти јули Брод Пик (или К3) висок 8.051 метри.

 

Следните два врва се наоѓаат во Непал и беа освоени кон крајот на септември, и тоа на 23-ти септември Чо Оју висок. 8.188 метри, а на 27-ми сепрември „падна“ врвот Манаслу висок 8.163 метри.

 

На 29-ти октомври низата беше завршена на Шишапангма, нарекуван и Госајнтан во Тибет на височина од 8.027 метри.

 

Експертите за искачување велат дека само над триесетина планинари ги искачиле сите 14 врвови досега. Рекордот за најбрзо искачување претходно го имаше Јужнокореецот Ким Чанг-хо кој ги освои сите „8.000“ за седум години, 10 месеци и шест дена, што го прави достигнувањето на Пурџа уште поневеројатно!

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.