Пациент нападнал лекар ортопед во Општата Болница Прилеп

Синоќа околу 22.30 часот пациент нападнал лекар специјалист во ортопедското одделение во општата болница „Борка Талески“ во Прилеп.

 

„Денеска во 09.45 часот, Ј.К. (38) пpиjaвил дека вчера, на 30.10.2019 околу 22.30 часот во Градска бoлницa-Прилеп на opтoпедcко одделение, каде работи, бил физичkи нaпaднaт од Т.К. (59) од Прилеп“, велат од МВР.

 

Случајот за Инфо Компас го потврди и директорот на болницата, Драган Богоески.

 

„Според првичните сознанија кои ги имам до нападот дошло во моментот кога пациентот бил уредно повикан да влезе во амбулантата на ортопедското одделение, откако претходно почекал во ходникот, затоа што пред него имало друг пациент. Веројатно револтиран бидејќи малку почекал започнал да вика и во еден момент започнал и да удира по вратата од амбулантата при што истата и ја искршил. При удирањето и кршењето на вратата му ја повредил и ногата на еден од нашите ортопеди. Ова не е прв ваков инцидент во болницата. Лекарите се напаѓаат барем еднаш месечно“, истакна директорот Богоески.

 

Инаку во септември лекарите излегоа на предупредувачки протест со порака – Стоп за насилството врз здравствените работници или нема да има прегледи и болнички интервенции. Протестот се одржа по серијата напади врз здравствените работници. Очигледно нападите и покрај протестите на лекарите продолжуваат.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.