Владата го стопираше прогресивното оданочување за наредните три години

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Даночната реформа со која се воведе прогресивното оданочување се стопира во наредните 36 месеци, објави денеска министерката за финансии Нина Ангеловска.

 

Според Ангеловска не бил постигнат посакуваниот ефект и се чека нова адаптација за соодветна имплементација.

 

„Лично јас сметав дека не се создадени условите, бидејќи треба да внимаваме на тајмингот. Најпрво треба да бидеме уверени дека тоа е лесно за администрирање и сите да плаќаат данок“, вели Ангеловска.

 

Министерката за финансии изјави дека анализата покажала дека прогресивниот данок на личен доход ја намалило ненеднаквоста за само еден отсто, а за 50 проценти изгубени се приходи кои можеле да се соберат поради избегнување така што обврзниците се префрлале во друг систем или ги префрлиле приходите од автоски дела и закупнини на други лица.

 

Ова враќање на стариот модел на оданочување значи дека платите над 90.000 денари нема да се даночат со 18%, туку по 10%, а приходите од закуп од 15% паѓаат на 10 %. Се одложува и даночењето на катипалните добивки и на каматите на штедните влагови.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи