Кривична пријава против двајца крушевчани за кражба на дрва

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Демир Хисар поднесе кривична пријава против Џ.Д.(34) и Б.К.(40), двајцата од Крушево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“, и две кривични дела „фалисификување на знаци за обележување на стоки, мери и тегови“.

 

Во текот на втората половина од септември 2019, во атар на с.Вирово, демирхисарско, на место викано „Дренички дол“, на земјиште во сопственост на Р.С.Македонија, првопријавениот, заедно со уште едно лице, извршил бесправна сеча на 10 метри дабови дрва, по што истите ги натоварил во моторно возило во негова сопственост, со намера да ги пренесе во Битола и да ги продава на заинтересирани лица, со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 70.000 денари.

 

Притоа, првопријавениот од непознато лице набавил импровизиран шумски печат со перниче во црвена боја  и истите му ги дал на второпријавениот, кој бил вработен како возач, по што второпријавениот при товарање на дрвата извршил противправно обележување на дрвата.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи