Објавен јавниот повик за субвенционирање на плински уреди во возилата

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Министерството за економија денеска го објави јавниот повик за субвенционирање на дел од трошоците за вградување на плински уреди, метан или друг вид алтернативно гориво во возилата.

 

Ќе се субвенционираат до 50 проценти од трошоците, но не повеќе од 18 илјади денари за вграден плински уред во возило. Субвенционирањето ќе важи само за едно возило во семејство. За оваа намена се одвоени 15 милиони денари.

 

Право на учество имаат сите сопственици на возила произведени од 2005 година наваму, а барањата заедно со потребната документација може да се достават до Министерството за економија секој работен ден од 09:30 до 15 часот. Крајниот рок за поднесување на барањата е 2 декември.

Субвенционирањето ќе се врши по принципот „прв дојден, прв услужен“.

 

Ова е една од мерките на Владата насочена кон намалување на аерозагадувањето.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи