Заев: Не смееме да немаме Парламент за ратификација на Протоколот за НАТО

Facebook
Twitter
Email
Print

Државата не смее да остане без Парламент за да не може да се ратификува Протоколот за членство во НАТО, кажа премиерот Зоран Заев денеска одговарајќи на новинарско прашање.

 

Заев денеска изјави дека 12 април како датум за одржување на предвремените парламентарни избори треба да се задржи, но се остава можност за да се случат какви било промени поради ратификацијата на протоколот за прием во НАТО.

 

„Нема да дозволиме како држава да останеме без парламент. Сите 29 земји членки го ратификуваа и ќе дојде до Република Северна Македонија и тогаш ние немаме парламент. Тоа не смееме да го дозволиме“, рече Заев.

 

Претходно, претседателот на Собранието, Талат Џафери, најави дека ќе го распушти Собранието на 11 февруари, на 60 дена пред одржувањето на парламентарните избори закажани за 12 април. Тој рече дека не постои можност да се свика Собранието доколку има потреба да се ратификува Протоколот за членство во НАТО.

 

По ратификацијата на 29-те земји членки, и нашата земја ќе треба да го ратификува Протоколот.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи