Мариовци ќе креваат нова буна поради катастрофалната патна инфраструктура – предупредувачки протест во вторник

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Повеќе години со ред патот Прилеп – Витолиште кој е единствениот пат за областа Мариово  во Општиина Прилеп се наоѓа во катастрофална состојба, а слична е состојбата и на скоро сите патни правци во Мариово кои водат до другите населени места во оваа област. Поради тоа Маровци закажуваат предупредувачки протест кој ќе се одржи во вторник на 05.11.2019 од 08 до 19 часот кај надвозникот кај с. Ново Лагово, а потоа протестот во 10.30 часот продолжува пред зградата на Општина Прилеп.

 

„Надлежните институции до денес не направиле ниту обичен увид и не преземаат ништо и покрај големиот број писмени и усмени обраќања и повици од страна на жителите на Мариово и другите поединци и субјекти, кои престојуваат и работат во областа. Затоа ги повикуваме сите граѓани на Македонија од областа Мариово, како и оние кои се по потекло од овој крај и другите добронамерници да земат учество на овој протест, кој има исклучиво цел за решавање на крајно лошата состојба на областа Мариово, особено на патната инфраструктура!“, велат од Ицијативниот одбор за поттикнување на развојот на областа Мариово – Прилеп.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи