ВИДЕО – Возобновен споменикот „Масакрот кај Дабница“ во Прилеп

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

По повод 3-ти ноември Денот на конечното ослободување на Прилеп после 17 години откако беше уништен денеска повторно беше возобновен споменикот „Масакрот кај Дабница“, кај селото Дабница. Споменикот е посветен на 19-мината прилепчани кои на 19 септември 1942 година биле брутално убиени на ова место од страна на бугарскиот фашистички окупатор.

 

 

„Да си го почитуваме своето минато затоа што без НОБ и без учеството на македонските патриоти ние денеска немаше да имаме своја независна државност“, рече Круме Соколоски, претседател на здружение на борци Прилеп.

 

Стариот споменик кој бил од бронза е пронајден искршен во еден од отпадите во Прилеп и сега истиот ќе биде повторно составен. Истиот години се чувал во вреќи во депото на Заводот и музеј.

 

„Стариот сквернавен и оштетен споменик од бронза е составен и ќе биде поставен Меморијалниот музеј 11 Октовмри“, истакна Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

 

„Максимално е реконструиран споменбикот и врз база на таа реконструкција е направен и калапот за овој нов споменик“, изјави Благоја Атанасоски, директор на Завод и Музеј Прилеп.

 

 

Сегашниот споменик е направен од полимер бетон, наместо од бронза за да не биде повторно оштетуван заради кражба на металот.

 

„Прво ја реинкарниравме бронзата, го исправивме споменикот во неговата оригинална висина со оригиналните делови. Потоа направивме гумен калап со цел да останат оригиналните потези, затоа што ова е уникатно уметничко дело Димо Тодороски“, рече Сашо Попоски, автор на делото.

 

Како дел од чествувањето на 3-ти ноември денеска во Прилеп беше промовирана и фотомонографијата за Ченто од историчарот Рубин Белчески.

 

„По повеќе годишно истражување и реализација на проектот Ченто биографија низ фотографија. Која се состоеше од истражување, изложба и го заокружуваме денеска со фотомонографија, Ченто биографија низ фотографија која содржии 250 фотографии, и 150 хронолошки текстови и голем број на мисли и говори на Ченто, како и една позната статија на Ченто, тоа е пред народното собрание пред одржувањето на Првото заседание на АСНОМ“, потенцираше Рубин Белчески, историчар.

 

Свежо цвеќе беше положено и на споменците на Методија Андонов Ченто, Кузман Јосифоски Питу, Могилата на Непобедените и Песиобрдце.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи