ВИДЕО – Секојдневно се палат гуми и кабли за да се извади металот – големо загадување во Прилеп

И додека денеска во Прилеп кај селото Дабница свечено се пушташе возобновениот споменик „Масакрот кај Дабница“ на само неколку метри од местото дел од жителите на околните населби гореа кабли за да го извадат металот од нив и да го продадат во отпадите. Густ црн чад се ширеше насекаде.

 

 

Жители на Тризла кои се сведоци на ова загадување, а сакаат да останат анонимни, велат дека тука секојдневно се горат вакви материјали, а од чадот не се диши во населбата. Иако пријавувале никој не преземал ништо.

 

Додека траеше церемонијата со отворањето на новиот споменик на лице место пристигна полиција која прво ги натера оние кои палеа да си го соберат ѓубрето, а потоа заедно со нив заминаа од местото.

 

Но жителите на Тризла велат дека оваа интервенција се случила поради присуството на градоначалникот и другите официјални делегации, додека во другите денови немало никаков инспекциски надзор.

 

Директорката на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, Ирена Станковска, не сакаше да даде денеска изјава во камера, но рече дека иако постојано ја собирале дивата депонија околу споменикот несовесните граѓани уште другиот ден започнувале со фрлање на отпад.

 

Жителите на Тризла и околните населби каде најмногу се чувствува смрдеата, чадот и загадувањето бараат итна интервенција на надлежните и веднаш да се стопира ова дивеење.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи